Најдобриот стрелец од 2018 и 2019 година, Ивица Илиев е во топ 3 стрелци и на стартот на новата сезона во Супер машката лига. Тој успеа да постигне убедливо најмногу голови за тимот на Радовиш на средбата против КЛ7 така што се избори за 3. место во моментов.
Притоа Илиев има гол помалку од Мирко Мајиќ и два од лидерот на Листата на стрелци, Мите Караиванов.
Ова е најава а интересна битка меѓу нив бидејќи веќе се издвоија.
Најефикасниот од ланската сезона, Давор Палевски засега заостанува, но не е така далеку така што и од него може да се очекува да влезе во трка за првото место кај стрелците.