Репрезентативката на Македонија, Елена Ливриниќ одигра одличен натпревар за Рапид Букурешт во 16. коло и со осум погодоци беше лидер во победата над Залау од 26:24.
Добрата игра на Ливриниќ и донесе и место во тимот на колото во шампионатот на Романија. Таа се најде на позицијата лев бек и сега е во трка со уште неколку ракометарки за наградата МВП на 16. коло.
Ливриниќ игра во добра форма и е прв стрелец во екипата на Рапид која е во долниот дел од табелата. На досега одиграните средби таа има постигнато 59 гола со што е пред колешките од тимот.
Кои се другите девојки кои обезбедија место во тимот на колото можете да видите во продолжение на фотографијата.
Инаку, Рапид Букурешт со шест бода е на 11. позиција, до крајот ќе мора да се победува за да се обезбеди повисока позиција на табелата.