Тимот на Нант, каде што игра Кире Лазаров, освои само бод против составот на Екс ан Прованс во мечот што заврши 23-23.
Maкедонскиот капитен и селектор беше стрелец на шест погодоци, а три од нив беа со удар од седум метри.
Најдобар стрелец во Нант беше левото крило Валеро Ривера кој успеа да постигне седум голови.
Следен предизвик за Нант и Лазаров ќе биде натпреварот против Кил во Лигата на шампионите.