Капитенот на машката сениорска репрезентацијата Кирил Лазаров денеска им посака среќа на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите откако беше во салата во СЦ „Јане Сандански“ и пред почетокот се виде со ракометарите на шампионот на Македонија.
Лазаров беше во посета на младите ракометари на Голден Арт КЛ 7 кои имаа тренинг токму пред вардарци, па искористи можност за да се види и колегите од „црвено-црниот“ табор кои се подготвуваат за следните натпревари во СЕХА и во Лигата на шампионите.
Во последните денови името на Кирил Лазаров често е споменувано и со селекторската функција. Заедно со Гино Стрезовски би требало да бидат на клупата на Македонија, а Лазаров да продолжи да игра уште извесен период и да ги заврши потребните модули за Мастер Коуч дипломата.
Инаку, Лазаров остана некој ден плус во Македонија после враќањето од Светското првенство во Египет, па се враќа на обврските во Франција во Нант каде што исто така го очекуваат натпревари во Лигата на шампионите, но и во првенството на Франција.