Куп на ЕХФ: Кузмановски и Магдебург по нови бодови, денеска во Шпанија

По добриот старт на групната фаза во Купот на ЕХФ, Филип Кузмановски и колегите од Магдебург денеска ќе имаат нов дуел во ова натпреварување и во Групата Ц ќе имаат тешко гостување во Шпанија кај составот на Адемар Леон.

Магдебург има два бода исто како и Нант, но порано го игра натпреварот на домашен терен поради обврските во Бундес лигата за викенд. Оттаму денеска ќе има интересно гостување, каде ако успее да дојде до победа ќе заврши голема работа бидејќи двата бода се потребни за битка за првите две позиции.

Лазаров својот меч го има в недела и гостува во Словенија кај тимот на Горење, додека Бенфика на Ристовски е домаќин на Мелзунген в сабота.

КУП НА ЕХФ

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО

ГРУПА А

САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ

17:15ч

БЕНФИКА – МЕЛЗУНГЕН

НЕДЕЛА, 16 ФЕВРУАРИ

19:00ч

ГВАРДИЈА ОПОЛЕ – БЈЕРИНГБРО

ТАБЕЛА: 1. Бенфика 2 бода (33:24); 2. Мелзунген 2 (26:21); 3. Гвардија Ополе 0 (21:26); 4. Бјерингбро (24:33).

ГРУПА Б

САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ

18:30ч

НИМ – КУЕНКА

19:30ч

ХОЛСТЕБРО – РАЈН НЕКАР

ТАБЕЛА: 1. Куенка 2 бода (29:27); 2. Рајн Некар 2 (32:31); 3. Ним 0 (31:32); 4. Холстебро 0 (27:29).

ГРУПА Ц

СРЕДА, 12 ФЕВРУАРИ

20:00ч

АДЕМАР ЛЕОН – МАГДЕБУРГ

НЕДЕЛА, 16 ФЕВРУАРИ

18:45ч

ГОРЕЊЕ – НАНТ

ТАБЕЛА: 1. Нант 2 бода (34:28); 2. Магдебург 2 (32:26); 3. Адемар Леон 0 (28:34); 4. Горење 0 (26:32).

ГРУПА Д

ЧЕТВРТОК, 13 ФЕВРУАРИ

19:00ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – ТАТАБАЊА

САБОТА, 15 ФЕВРУАРИ

19:00ч

ЛОГРОЊО ЛА РИОХА – ЕКС АН ПРОВАНС

ТАБЕЛА: 1. Фуксе Берлин 2 бода (25:23); 2. Татабања 2 (26:25); 3. Логроњо Ла Риоха 0 (25:26); 4. Екс ан Прованс 0 (23:25).