По триумфот во првиот пријателски натпревар над селекцијата на Чиле, македонскиот шампион Куманово одигра уште една средба со истиот ривал.
Избраничките на Александар Бојковски ремизираа со Чиле, 23-23, во натпревар кој беше неизвесен до самиот крај.
На полувремето исто така беше нерешено, 13-13. Кумановки го одработуваат вториот дел од подготовките за новата сезона во Женската лига.
Таа би требало да стартува на 18/19 септември.