Екипите на ЖРК Алушовски и Куманово го отворија 12. коло од Женската лига. Во натпреварот на кој ЖРК Алушовски беше домаќин на теренот на противникот, Куманово славеше лесна и убедлива победа со 52:21.
Фаворитот на натпреварот ја оправда улогата и од почеток до крај на натпреварот доминираше. Разликата во квалитет беше евидентна на теренот, секоја грешка или промашување на ЖРК Алушовски беше казнето со брза контра и реализација.Таквата игра донесе многу ефикасен натпревар па во првиот дел Кумановки постигнаа дури 28 гола и имаа огромна позитива од 19 гола. Резултатот на полувремето беше 9:28.
Продолжението не донесе ништо различно ЖРК Алушовски тешко реализираше, а Куманово продолжи да го полни нивнот гол. До крајот натпреварот беше формалност само беше неизвесен конечниот резултат. Со овој триумф Куманово се зацврсти на врвот на табелата со 11 победи од исто толку натпревари.
Најефикасна во составот на ЖРК Алушовски беше Ана Георгиевска со шест гола, а Ана Николовска постигна четири. Во тимот на Куманово крилните играчи беа најпрецизни од кои најголем дел од контра. Васка Глигоријадис беше прв стрелец на мечот со 11 гола, а два помалку постигна Мила Трајковиќ.
ЖРК Алушовски – Куманово 21:52(9:28)
Сала: СОУ Перо Наков во Куманово. Гледачи: 350. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Митко Ѓорѓиевски.
ЖРК Аушовски: Стојковска, Божиновска 1, Димитријоска 1, Мисовска 1, Цветановска, Ангелковска 3, Петковска 3, Велигденова 2, Тодоров, Николовска 4, Георгиевска 6, Димитровска, Трајановска, Которчевиќ, Ристовска, Младеновска.
Седмерци: 0/1. Исклучувања: 2 мин.
Куманово: Косановиќ, Марковиќ 6, Пецанова 2, Трајковиќ 9, Ивановска, Боризовска 2, Шарановиќ 2, Јовановска, Стојчевска, Кипријановска, Наумоска, Радевска 3, Цветановска 5, Гичевска 6, Глигоијадис 11, Јанкуловска 3.
Седмерци: /. Исклучувања: /.