Кандидатот за титулата во новата сезона од Женската лига, Куманово имаше уште една успешна контрола пред почетокот на новата сезона. Ракометарките одиграа тест средба против Вардар на која дојдоа до победа од 36:26.
Уште во првиот дел од средбата домашните имаа предност од 17:13. Овие четири гола во продолжение од средбата беа зголемени. Постепено се одеше кон двоцифрена разлика, па на крајот беше десет гола.
Со 36:26 тимот на Куманово се избори за нова победа со што покажува дека и во новата сезона ќе биде во трка за титулата.
Нова контрола се очекува веќе в сабота, а противник ќе биде екипата на Чаир. Ова е пресметка на двете екипи кои годинава ќе играат во Европскиот куп. Средбата почнува од 18:30 часот.