Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува пресметката со српскиот тим Металопластика Шабац во регионалната СЕХА лига.
Левиот бек Дејан Кукуловски се враќа во ростерот на тренерот Бабиќ и вели дека е подготовен за следните натпревари.
„Добро се чувствувам, се враќам од повредата. Малку поспоро одеше враќањето, но не е нешто сериозно и ќе бидам спремен за следните натпревари.Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа. Добро сме спремни, се враќаме во ритам, се враќаат репрезентативците. Ние играме на секој натпревар на победа, па што биде нека биде“, изјави Кукуловски.
Натпреварот меѓу Металопластика Шабац и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 17:00 часот.