Тимот на Еурофарм Работник со победа се одјави од Лигата на шампионите, откако во Битола славеше против Бидасоа Ирун со 25-23. Средниот бек Горан Кузманоски смета дека штотуку завршената сезона за Еурофарм во елитното наптреварување, може да биде прогласена за успешна.
„Денеска покажавме карактер, добра одбрана, желба кај сите играчи на клупата, а сакам да ја пофалам и побликата, која ни даде крилја за победа. Денес ги постигнавме тие голови кои претходно ни фалеа во драматичните натпревари кои ги загубивме. Можеби некој нема да се согласи со мене, но јас мислам дека оваа сезона за нас беше успешна. Сепак треба да се земе предвид дека сме дебитанти“, изјави Кузманоски.
За Еурофарм сега следуваат обврските во регионалната СЕХА лига и натпреварите против Загреб дома, и против Веспрем и Спартак Москва на гостински терен.