Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски денеска го имаше дебито за тимот на Хановер.
Новата екипа на левиот бек славеше над некогашниот европски првак Хамбург со убедливи 15 голови разлика, 42-27, а Кузмановски беше меѓу најдобрите на теренот со осум гола.
Хановер требаше да игра и со Мелсунген, но тој дуел беше одложен поради коронавирусот кај ривалот.
Досега се договорени уште три средби до стартот на Бундес лигата против Либек Швартау, Магдебург и уште една против Хамбург.