Тимот на Фочани, каде што игра македонскиот репрезентативец Горан Крстевски, забележа важен триумф над амбициозната Баја Маре.
Фочани победи со убедливи шест разлика, 27-21, во 24 коло од романскиот шампионат на претпоследниот турнир од регуларниот дел.
Крстевски на овој натпревар погоди три пати од три обиди, а сите голови ги даде во вториот дел кога се кршеше резултат и Фочани се одлепуваше резултатски.
Фочани сега има 33 бода на 7 позиција, и се израмни со Стеауа по бодовното салдо, а многу блиску е да обезбеди место во плеј-офот во Романија.