Поранешниот ракометар на Вардар, кој на крајот на февруари се пресели во Фуксе Берлин, Даинис Кристопанс со нетрпение очекува да се пресели во Франција и да заигра за ПСЖ, но во моментов е внимателен видејќи уште не може да знае како ќе се одвива ситуацијата и кога ќе може да отиде да игра за шампионот на оваа земја.
Тој вели дека не успеал да се снајде најдобро во Германија бидејќи не му одговара овој ракомет особено поради неговата физиономија.
„Не уживав во игрите во Бундес лигата. Навикнат сум да играм повеќе тактички ракомет. Сепак, благодаран сум на тимот на Фуксе Берлин поради тоа што ми освозможи да добијам ново искуство во кариерата“, вели Кристопанс.
Со оглед на тоа што во Бундес лигата се игра главно брз ракомет не зачудува ваквиот коментар на Кристопанс кој порано од предвиденото мораше да ја заврши соработката бидејќи сезоната е во прекин секаде.