Ракометарот од Македонија кој настапува во првенството на Австрија, Никола Костески доби уште едно признание за неговите игри во дресот на Линц. Тој е прогласен и за најдобро десно крило и во плеј-аут лигата.
Костески беше и најдобро десно крило во првенството на Австрија после регуларниот дел така што сега уште еднаш ја потврдува својата форма.
Тој е играч кој сезонава игра одлично во дресот на Линц каде што речиси редовно е меѓу најефикасните играчи.
Во тимот се уште двајца негови колеги како што може да се види на фотографијата.