Коронавирус во европскиот првак

На редовното тестирање на коронавирус во петокот еден од ракометарита на шампионот на Европа, Кил имаше позитивен тест. Ракометарот немал никакви симптоми и веднаш е изолиран.

По препорака на здравствените власти на Германија, целиот тим и стручниот штаб на Кил во наредните денови ќе бидат во карантин.

ПЦР тестовите на коронавирус пред натпреварот со Мотор Запорожје во четвртокот на сите ракометари од Кил беа со негативен резултат. Покрај тоа некои играчи вклучително и позитивниот биле тестирани со брзи тестови на влезот од арената пред мечот.

Раководството на Бундес лигата го одложи претстојниот натпревар на Кил против Лајпциг заради карантинот на германскиот шампион. Исто така Кил нема да може да патува на гостувањето во Лигата на шампионите кај Мотор во Запорожје и најверојатно ќе биде одложен и овој дуел.