Тимот на Ница, чиј тренер е некогашниот македонски репрезентативец Марјан Колев, ги започна подготовките за новата сезона.
Ница заврши на шестото место во минатата прекината сезона иако имаше шанси дури и за третото место доколку се играше до крај.
Во текот на летото Ница се засили со три ракометарки – голманката Луцие Сатрапова, десниот бек Барбара Морето и десното крило Кимберли Бушар.
За Ница брани и македонската голманка Јована Мицевска, но таа подоцна ќе се приклучи на подготовките.