Францускиот ракометар Тибо Ван Деик кој настапува во втората по квалитет лига во Франција за екипата на Нанси, освен што игра ракомет има и дополнителна љубов, а тоа е одгледување животни.
Кога не е на теренот со својот тим Нанси, 20-годишниот Ван Деик оди во местото Мосел каде што имаат семејна фарма и помага во одгледувањето на животните. И покрај тоа што ова е невообичаена работа за многу млади, Тибо е горд на тоа што го работи.
„За мене ова е реалниот живот, јас ќе бидам четвртата генерација кој ќе продолжи со оваа работа во нашето семејство и се гореам со тоа. Роден сум тука и секој викенд или кога имам слободно време доаѓам тука. Знам како е да се работи и секогаш сум бил многу активен на фармата. Иако оваа работа е слабо платена, сепак за мене е најубавата работа на светот“, коментираше Тибо за француските медиуми.
Со фармата раководат татко му и чичко му на Ван Деик, таа се простира на 150 хектари површина. На овој простор се занимаваат со земјоделство и сточарство со стадо од околу 200 крави каде што главно е производството на млеко.
Ракометарот на Нанси сезонава за клубот има одиграно 15 натпревари и постигнато десет голови. Тибо настапува на пикерската позиција и сезонава со неговиот клуб се едни од кандидатите за пласман во првата лига.