Кизиќ: Одииме во Грција по победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува нов предизвик во Лигата на Европа и гостување кај шампионот на јужниот сосед, АЕК.

Голманот Марко Кизиќ вели дека противникот е анализиран и дека неговиот тим ќе стори се да се врати со победа дома.

„АЕК е изненадување на сезоната. Ние ги познаваме од претходно и знаеме дека се квалитетен тим, навистина покажаа добри резултати во првите две кола, но тоа не не заплашува, напротив ни дава поголем мотив. Се подготувавме, ги анализираме и одиме на победа во Грција“, вели Кизиќ.

АЕК имаше играчки промени во текот на летото, но општ е впечатокот дека не е послаб од лани.

„Имаат доста нови играчи, играат брз и модерен ракомет, ризикуваат и не калкулираат. Нивната најголема предност е тоа што изгледаат како тим на теренот, сплотени. Но тоа ни дава нас како што кажав поголем мотив да докажеме дека сме поквалитетни од нив и да ги победиме“, заврши Кизиќ.

Натпреварот меѓу АЕК Атина и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 18:45 часот.