Ракометарите на Келце дојдоа до голема победа на гостувањето во Барселона откако го совладаа домаќинот со 32:30.
Од почетокот на средбата можеше да се види дека ова ќе биде интересна средба. Барселона го доби отворањето на натпреварот. На средина од првиот дел имаше плус четири и 10:6, но тоа не беше доволно. Она што можеше да се види е дека дел од ракометарите делуваа преопуштено така што таквиот однос на теренот ја чинеше скапо екипата на Барса.
За неполни три минути сè се смени на теренот и веќе беше 10:10 така што остана во продолжение од средбата да се надигруваат за секоја топка. До крајот на првиот дел Келце успеа целосно да ја преземе иницијативата и водството, па на одмор тимот од Полска замина со 19:16.
Вториот дел тргна со подобра игра од Келце и гостите на оваа средба постојано го контролираа резултатот. Келце беше во водство од два до три гола и домашните никако не можеа да направат пресврт. Долго се бараше шанса за да се израмни, но никако не се успеваше во оваа намера.
До последниот напад висеше победникот. При 30:31, Барса имаше напад за израмнување, но тогаш Морито успеа да постигне гол од контра за плус два и веќе немаше како да се стигне бидејќи до крајот имаше помалку од 30 секунди.
Ова е голема победа за Келце и ова се два бода кои ќе значат многу во продолжение од сезоната. Вулф имаше 14 интервенции, додека Морито беше најефикасниот со седум гола и реализација од 100 проценти. Нахи остана на еден погодок зад него. Голманите на Барса немаа свој ден. Перез де Варгас заврши со скромни осум одбрани за него, додека Аргентинецот Масил имаше само една интервенција. Мем и Нгесан со по седум гола беа најефикасните.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б
ТАБЕЛА