Полскиот шампион Келце по поразот од Динамо Букурешт во првото коло, се врати на победничките патеки во Лигата на шампионите.
Избраниците на Талант Душебаев го совладаа Веспрем со 32-29. Си го фатија редот уште од стартот, 4-1, па 7-2, 10-4…Кога беше 15-9 во финишот на полувреме, Каралек доби црвен картон, но ниту тоа не беше пречка за домашните, па на пауза заминаа со плус пет, 17-12.
По десетина минути игра во второто полувреме, Гудјонсен донесе одново плус седум, 22-15. Во финишот Веспрем преку Манасков успеа да намали на минус три, но немаше време за нешто повеќе. Гостите направија уште неколку грешки во серија и Келце го потврди високиот триумф.
Најдобри стрелци кај Келце беа Душебаев со седум и Морито со шест гола, додека кај Веспрем се истакна Ненадиќ со девет, а Манасков даде три погодоци.