Кантегрел: Лути сме – не може да губиме секаде, мора да освоиме некој бод!

Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот против унгарскиот ПИК Сегед во рамките на Лигата на шампионите.

Францускиот голман Робен Кантегрел заедно со Марко Кизиќ ќе го изнесе товарот на голманската позиција во отсуство на Борко Ристовски.

„Мора да освоиме некој бод. До крајот на групната фаза има уште пет меча, можеби и помалку со оглед на ситуацијата со коронавирусот. Така што нема да имаме многу можности за бодови. Ќе одиме таму во подредена улога, тие се фаворити. Таму нема да биде како овде, овде направивме грешки и загубивме, а таму би требало да биде малку полесно бидејќи одговорноста како домаќин е малку поголема. До победа би дошле преку одбраната и, можеби, ако поправиме некои ситни грешки. Мислам дека квалитетот не ни е далеку од нивниот, мислам дека сме слични екипи. Само да одиграме добро прво полувреме и добра одбрана и потоа ќе видиме, се може да се случи. Знам дека сме лути, дека сакаме да освоиме некој бод, не можеме да губиме секаде. Во овој натпревар влегуваме со малку полесна улога, не сме фаворити“, вели Кантегрел.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра утревечер со почеток во 18:45 часот.