Српскиот репрезентативец Дејан Милосављев беше клучниот ракометар во составот на Фуксе Берлин, кој се враќа со голема победа од Магдебург.
Поранешниот голман на Вардар запре дури 20 удари на домашниот тим, а одбрани и три пенали, од кои последниот беше на Муше за реми во последната минута.
Потоа неговиот соиграч Холм реализираше за победа на Фуксе со 27-29, а Магдебург и нашиот Филип Кузмановски кој не се запиша во листата на стрелци, останаа со празни раце.