Како Скопје 2020 освои бод на дербито против Драчево (ВИДЕО)

Ракометарите на Скопје 2020 дојдоа до реми од 32:32 против Драчево во дербито на 2. коло од плеј-офот во Првата машка лига, а погодокот дојде во последната секунда буквално пред звукот на сирената. Бојан Чакалиќ е херојот на Скопје 2020, а бодот е уште поголем ако се знае дека екипата на Драчево имаше плус седум во првото полувреме и плус седум на почетокот на второто. На одлуката на судиите Начевски и Николов имаше реакција од гостите бидејќи до крајот за последниот напад после тајм-аутот имаше три секунди. Меѓутоа очигледно е дека и тие беа доволни односно дека Чакалиќ беше доволно брз топката да ја смести во голот пред времето да истече.