Брз тест на коронавирус во Македонија чини 3.000 денари, па ако пресметаме дека на натпреварот се активни 16 ракометари и 4 членови на стручниот штаб, треба да бидат тестирани 20 лица. Тоа значи дека клубовите пред секој натпревар ќе треба да издвојат уште 60.000 денари, покрај финансиите за судиските и делегатските такси.
Ракометната федерација на Македонија го објави протоколот за тренинзи во сала и за играње натпревари во време додека владее коронавирусот, кој беше потврден од Комисијата за заразни болести. Според мерките, ќе треба сите учесници на натпреварите, кои патем ќе се играат без публика, да бидат тестирани на Ковид-19 најдоцна 72 часа пред стартот на натпреварите.
Лигите под капата на РФМ според планот би требало да започнат на средината на септември, а дотогаш клубовите ќе мора да најдат начин да го пополнат буџетот со финансиски средства за ставката Ковид-19.
Брз тест на коронавирус во Македонија чини 3.000 денари, па ако пресметаме дека на натпреварот се активни 16 ракометари и 4 членови на стручниот штаб, треба да бидат тестирани 20 лица. Тоа значи дека клубовите пред секој натпревар ќе треба да издвојат уште 60.000 денари, покрај финансиите за судиските и делегатските такси.
Ако ги земеме предвид клубовите од Супер лигата, кои ќе треба да одиграат 14 натпревари во есенскиот дел од сезоната, тоа значи дека нивниот трошок за тестови би бил околу 840.000 денари или околу 14.000 евра. Слично ќе биде и со дамите во Женската лига кои ќе одиграат по 13 натпревари, како и оние клубови од Првата лига, кои во есенскиот дел ќе играат 14 натпревари.
На сето ова треба да се додадат и финансиските средства за дeзинфекција на сала и дезинфекциони средства, тестови и за екипите во младинските категории…
Со оглед на и така тешката финансиска конструкција на дел од клубовите, ќе има голем проблем да се пополни и оваа ставка во буџетот. Освен ако државата не дозволи бесплатни тестови за сите спортски колективи, што е тешко за верување. Дел од клубовите веќе се пожалија на социјалните мрежи, а што ќе се случува понатаму останува да видиме.