Кинеската ракометна федерација на почетокот на годинава одлучи да се повлече од олимписките квалификации за жени поради ограничувањата од коронавирусот.
Бидејќи повлекувањето беше последица на пандемијата на Ковид-19, а потоа турнирите беа одложени за 2021 година, Извршниот комитет на ИХФ го одобри барањето на Кина нивното повлекување да биде неважечко.
Според тоа, турнирите ќе бидат организирани како што беше планирано со стандардниот систем на олимписки квалификациски турнир.
Екипите кои ќе учествуваат се првично квалификуваните, а натпреварите ќе се играат во периодот од 19 до 21 март 2021 година.
Турнир 1: Шпанија, Шведска, Сенегал и Аргенитина
Турнир 2: Русија, Србија, Кина и Унгарија
Турнир 3: Норвешка, Црна Гора, Романија и Казахстан