„Играв за парче леб и шунка, а го оставив ракометот поради работа во банка“

Творецот на најуспешната генерација во хрватскиот женски ракомет, Ненад Шоштариќ, пред селекторската имаше и кратка играчка кариера која заврши на 28 години.

Шоштариќ најпрво се пробал во фудбалот, бил член на Загреб, бил на проба и во Динамо Загреб, но не успеал.

„Своевремено секој одеше на проба во Динамо, јас тогаш бев повисок од другите, а скаутите сакаа ниски и брзи фудбалери. Ама не ми е жал што не успеав како фудбалер“, вели Шоштариќ за 24Сата.

Во гимназиските денови одлучил да се проба и во ракометот.

„Цело време играв за Загреб, освен една година во Борац Јарун. Мојата генерација го спаси Загреб, бидејќи од нас зависеше опстанокот на клубот. Го освоивме младинското првенство на Југославија, го вративме Загреб во Втората лига. За награда, прва поголема, добивме блок карти за трамвај, парче леб со шунка и млеко. Тоа беа магичнни времиња. За националниот тим играв само во младинските категории. Сепак повеќе од нас му даваа предност на факултот и образованието. Престанав да играм на 28 години, бидејќи добив понуда за работа во Љубљанска банка. Но по неколку години почнав да ги тренирам девојките од Локомотива и успеав да ги ускладам двете работи“, заврши Шоштариќ.

Оттогаш успешно го води женскиот клуб од Загреб, а ова му е трет мандат и на селекторската позиција.