Загреб продолжува да се засилува, има и нов голман

Голманот кој пред две години беше на мета и на тимот на Вардар, Филип Ивиќ после авантурите во Келце, Гумерзбах и Целје се враќа назад во клубот каде што мина 13 години. Од 1 јули тој одново ќе биде член на ППД Загреб и е трото засилување за клубот после Жељко Муса и Иван Чупиќ.

Загреб создава тим со кој во новата сезона ќе биде далеку поконкурентен со оглед на тоа што годинава е далеку од нивото на кое сите се навикнати да го гледаат.

„Морам да му се заблагодарам на Целје со кој договорив раскин на договорот. Поминав една убава година во овој тим и благодарам на коректниот и професионален однос. Се враќам дома, во клубот во кој минав 13 години. Овој клуб ми даде сè во мојата спортска кариера и ми ги овозможи најубавите ракометни моменти. Сакав да се вратам во Загреб за клубот да може да се врати на победничките патеки“, вели Ивиќ.

Загреб планира уште да се засилува и гради тим кој ќе може да се врати на победнички патеки така што останува во следниот период да се види како ќе изгледа составот на тимот кој е неприкосновен во Хрватска.