Македонската Суперлига, која беше прекината викендот пред стартот на ЕХФ неделата, по петнаесетина дена пауза ќе продолжи од петок.
Од понеделникот, Ракометната федерација на Македонија е во постојан контакт со сите клубови за да биде усогласен календарот за продолжението на сезоната.
Повеќе од екипите веќе се во тренажен процес, а дел од нив се уште имаат ракометари што се во изолација, која ќе трае до 20 ноември.
По комплетирањето на одложените средби од двете групи од првиот круг, ќе бидат познати и термините за вториот круг од регуларниот дел.
Во групата А има уште седум неодиграни средби, додека во групата Б уште четири средби, кои треба да бидат комплетирани до 22 ноември.
Заостанати натпревари:
Група А
КЛ7 – Пролет
Пролет – Охрид
Радовиш – Пролет
Астраион – КЛ7
Охрид – Астраион
Радовиш – Јуниор КВ
Пролет – Струга
Група Б
Металург – Работнички
Младост – Металург
Бутел – Металург
Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп