Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска заедно со ЦСКА Москва ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Ристовска и ЦСКА Москва ќе ја бранат шампионската титула во домашниот шампионат освоена во сезоната 2020/21. ЦСКА Москва ќе учествува и во Лигата на шампионите, а амбициите на клубот се повторно да учествуваат на завршницата во најквалитетното европско натпреварување.
Дел од ракометарките на ЦСКА Москва не беа присутни поради репрезентативни обврски со репрезентацијата на Русија. Во екипата пристигна и новиот тренер, Флорентин Пера.
Освен Сара Ристовска, подготовките ги започна и интернационалката од Македонија, Јована Саздовска со екипата на Дунареа Браила.
Дунареа Браила со низата засилувања за новата сезона ќе се бори за шампионскиот трофеј во романскиот шампионат.