Двете екипи кои се на врвот од Женската лига, Куманово и Металург очекуваат без поголеми проблеми да дојдaт до нови бодови.
Металург прв излага на терен против Спартак и очекувањата се да дојде до три бода со кои останува во трка за одбрана на титулата.
Куманово, пак, својата задача ќе ја одработи доцна денеска бидејќи против тимот на Вардар Кузман Илинден ќе игра дури од 20 часот.
ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 16. КОЛО
СРЕДА, 11 МАРТ
12:00ч
МЕТАЛУРГ – СПАРТАК
Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.
20:00ч
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ДЕСПИНА
Сала: „Цар Самоил“ во Св. Николе. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
КУМАНОВО – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН
Сала: ОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР
Судии: Михаела Капсарева и Лејла Јашар од Скопје. Делегат: Владимир Саздовски од Скопје.
ЧЕТВРТОК, 12 МАРТ
18:00ч
ВАРДАР – СТРУЖАНКА
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.
19:00ч
ГЕВГЕЛИЈА – АЛУШОВСКИ
Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
ЧАИР е слободен
ТАБЕЛА: 1. Куманово 42 бода (527:282); 2. Металург 39 (540:282); 3. Вардар 33 (489:294); 4. Стружанка 30 (411:342); 5. Чаир 30 (418:370); 6. Деспина 24 (341:391); 7. Спартак 17 (342:410); 8. Пелистер 14 (373:423, -1 меч); 9. Гевгелија 10 (305:393, -1 меч); 10. Ѓорче Петров 9 (292:416); 11. Кузман Вардар Илинден 9 (316:451); 12. Овче Поле СУ 6 (310:411); 13. Алушовски 4 (342:541).