Финалните натпревари во рамките од Европскиот куп помеѓу екипите на Иштад и АЕК беа одложени поради позитивни случаи на ковид-19 во шведскиот тим. Првичните термини беа 15 и 22 мај, но Иштад ја информираше ЕХФ дека нема да патува во Атина.
ЕХФ во координација со раководството на АЕК и Иштад ги одреди новите датуми за двата натпревари од финалето од Европскиот куп.
И двата натпревари ќе се одиграат во Грција, првиот на 28 мај со почеток од 18:00 часот, додека реваншот е закажан за 30 мај со почеток од 20:00 часот. Натпреварите ќе се одиграат во Халкида, град на околу 70 километри северно од Атина.
На првиот натпревар домаќин ќе биде екипата на АЕК Атина. Шведскиот тим ќе ја има улогата на формален домаќин на реванш натпреварот, кој е закажан за 30 мај.