Татран Прешов има минимална предност после првото полувреме против Еурофарм Работник од 15:14 и вториот дел ќе го почне со мала позитива. Во израмнети први 30 минути, сепак, решаваа нијанси во кои домашните беа нешто подобри.
Ракометарите на Еурофарм Работник ја почнаа средбата во мал грч. Имаа проблеми во првите неколку минути, а домашните успеаја да стигнат до предност од два гола. Сепак, после воспоставувањето на рамнотежа на теренот дојде и до израмнување. Татран Прешов поведе со 2:0, па имаше и 3:1, а на почетокот на 10. минута ддојде и до 6:3. Сепак, за две минути дојде до израмнување на 6:6 и тука работите дојдоа до подобро поставување на работите.
Откако Татран поведе со 7:6 следуваа три гола од тимот од Битола за предност од два гола, а ова се случи на средина од првото полувреме. Овие два гола позитива се одржуваа и во следните неколку минути, па дури беше и зголемено на плус три, 11:8 во 18. минута.
Еурофарм Работник водеше и во следните неколку минути, но домашните полека успеваа да воспостават рамнотежа и да се вратат, па во 24. минута израмнија на 13:13. Ритамот на Татран Прешов беше и понатаму посилен и брзо беа обезбедени 15:13, па до крајот на првото полувреме домашните останаа со водство, а на одмор заминаа со 15:14.
Најефикасен во Татран после првиот дел е Оливер Рабексо шест гола, додека во редовите на Еурофарм Работник, Остроушко го заврши првото полувреме со четири гола, а по три имаа Ѓукиќ и Јотиќ.