На списокот на играчи кои ја продолжија верноста кон екипата на Еурофарм Пелистер се најде и пивотот Никола Маркоски, кој е новиот играч што потпиша нов договор и ќе остане дел од тимот од Битола и во следната сезона.
Исто како и Гоце Ојлески и Маркоски потпиша договор со летото во 2022 година така што пивотменската позиција е решена бидејќи пред неколку дена договор потпиша и Елмир Граџан.
Со ова Еурофарм Пелистер полека го привршува креирањето на тимот за следната сезона и веќе речиси и да нема дилеми за секоја од позициите.
Претходно договорот го продолжи и Радовиќ, така што од тимот на Еурофарм Пелистер си заминуваа капитенот Градимир Чаневски, Марин Вегар, Невен Стјепановиќ и Дарио Петровски.