Еурофарм Пелистер ги избегна бундеслигашите, ќе игра против Ним, Спортинг, Татабања…

Екипата на Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за групната фаза во Лигата на Европа, а ќе има ривали против кои ќе може да се бори за добра позиција за влез во осминафиналето.

Татабања од Унгарија, Аек од Грција, Спортинг од Португалија, Ним од Франција и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.

Унгарците се познат противник со кој веќе се одмерувани силите така што тоа е ривал со кој сигурно ќе може да се надигрува и да се бараат бодови. Истото важи и за Аек. Овој противник е познат од турнирите во почетокот на сезони така што е должник на Еурофарм Пелистер од летото во 2020 година.

Од четвртиот шешир како ривали можеа да дојдат бундеслигашите Фуксе Берлин и Лемго, но ждрепката за ривал го донесе тимот на Спортинг. Со оглед на тоа што еден тим од Франција мораше да дојде како ривал тоа беше Ним кој беше рангиран во 5. шешир, па тоа ќе биде сигурно најтешкиот ривал за Еурофарм Пелистер во оваа група.

Кадетен од Швајцарија исто така е добро познат ривал кој често одмерувал сили со тимовите од Македонија така што ова е група во која Еурофарм Пелистер има свои шанси и може да се бори за висок пласман и за голем дострел во оваа сезона.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПНА ФАЗА

ГРУПА А

Бидасоа Ирун (Шпанија)

Винтертур (Швајцарија)

Татран Прешов (Словачка)

Фуксе Берлин (Германија)

Висла Плоцк (Полска)

Тулуз (Франција)

ГРУПА Б

Нант (Франција)

Чеховски медведи (Русија)

Кокс (Финска)

Лемго (Германија)

ГОГ (Данска)

Бенфика (Португалија)

ГРУПА Ц

Магдебург (Германија)

Савехоф (Шведска)

Горење (Словенија)

Екс ан Прованс (Франција)

Ла Риоха (Шпанија)

Нексе (Хрватска)

ГРУПА Д

Татабања (Унгарија)

Еурофарм Пелистер (Македонија)

Аек (Грција)

Спортинг (Португалија)

Ним (Франција)

Кадетен Шафхаузен (Швајцарија)