Еурофарм Пелистер ги дозна можните ривали, веќе се знаат и шеширите

Екипата на Еурофарм Пелистер веќе ги знае можните ривали за ждрепката која треба да се одржи в четврток, а тимовите кои може да ги добие се доста силни и дефинитивно нема да биде воопшто лесно во текот на сезоната.

Во секој од шеширите ќе има тешки противници кои доаѓаат од квалитетни шампионати така што е јасно дека групата која ќе биде добиена ќе биде силна.

Секако треба да се почека групата, но јасно е дека ќе биде доста интересно. Шеширите се направени според рејтингот, и се неофицијални уште. Сепак, се очекува утре да бидат официјализирани.

Место во групната фаза имаше за 24 тима од 17 различни земји. Германија и Франција имаат по три клуба, додека Шпанија, Швајцарија и Португалија по два.

ШЕШИРИ ПРЕД ЖДРЕПКА

ШЕШИР 1: Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)

ШЕШИР 2: Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија)

ШЕШИР 3: Горење (Словенија), Аек (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).

ШЕШИР 4: Фуксе Берлин (Германија), Екс ан Прованс (Франција), Лемго (Германија), Спортинг (Португалија)

ШЕШИР 5: Ним (Франција), Висла Плоцк (Полска), Нексе (Хрватска), Бенфика (Португалија)

ШЕШИР 6: ГОГ (Данска), Ла Риоха (Шпанија), Кадетен (Швајцарија), Тулуз (Франциja).