Ракометарите на Еурофарм Пелистер одработија лесен натпревар во 5. коло од Супер машката лига на кој забележаа победа од 42:22 против Радовиш.
Улогата на фаворит беше оправдана уште во првиот дел кога со убедлива игра тимот на Еурофарм Пелистер дојде до предност од неколку гола и истата без проблеми ја одржуваше во текот на целото прво полувреме.
После неколку напади и предност од 7:3 екипата на Еурофарм Пелистер воспостви целосна контрола и до крајот на првото полувреме си обезбеди предност од дури девет гола. На полувреме имаше 19:10 и самиот резултат е показател за тоа дека гостите не можеа да парираат на овој дуел.
Составот на Радовиш се обиде да дојде до што е можно повеќе голови во продолжение, но битолчани беа уште поубедливи. Многу лесно успеваа да стигнат до шанса за гол и на тој начин само добиваа поголема предност со која во секој момент од средбата беа во голем плус.
Гостите во вторите 30 минути постигнаа повеќе голови отколку во првите, но и примија многу повеќе погодоци така што се виде големата разлика во квалитет, па на крајот составот на Еурофарм Пелистер ја круниса својата надмоќ на теренот со победа од 42:22.
Со ова Еурофарм Пелистер се враќа во ритам после поразот од Вардар во минатото коло, додека Радовиш ќе мора да бара бодови на следните дуели од Супер машката лига.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА