Еурофарм Пелистер 2 се врати во игра, но го откажа Младост од плеј-оф (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер 2 – Младост

Еурофарм Пелистер 2 дојде до нова победа во Групата Б од Супер машката лига совладувајќи го Младост со 36:23. Ова беше очекуван триумф за домашните во кој прв стрелец беше Никола Стоилевски со шест гола, а по пет имаа Стефан Талевски и Дарио Петровски. Кај Младост, Мите Стоилов со седум гола беше најефикасниот на натпреварот.

Составот на Еурофарм Пелистер надомести за поразот од Работнички на претходната средба и го надигра тимот на Младост победувајќи со високи 36:23. Ова беше очекуван триумф кој беше потврден и на теренот каде што немаше проблеми бидејќи уште во првото полувреме сè беше јасно и немаше дилеми околу тоа кој состав оди до победа. На паузата беше 20:11, а конечните 36:23 го вратија Еурофарм Пелистер 2 во позиција за плеј-оф така што ќе биде интересно до крај во битката за местата кои водат во главната битка напролет.