Поранешната ракометарка на Вардар и Вардар Јуниор, Татјана Трбовиќ е нова ракометарка на романскиот тим Корона Брашов.
Српската интернационалка, која играше во Скопје во сезоната 2012/13, потпиша договор со екипата која полека излегува од сенката на допинг скандалот и посакува да се врати на старите патеки.
Трбовиќ има 28 години, и играњето за „црвено-црниот“ тим и беше првото интернационално искуство.
По настапите за ОРК Београд, Пролетер, Вождовац, како и едната сезона во Вардар, кружниот напаѓач играше за унгарските Егер и Кечкемет и полскиот Елблаг.