Екс ракометарката на Вардар, Алена Ихнева и во новата сезона ќе настапува во турското првенство.
Русинката од Кастамону ќе се пресели во Коњалти, тим кој нема да игра на европска сцена, но амбициите на клубот за следната сезона се пласман меѓу најдобрите пет екипи во домашниот шампионат.
Веста за нејзиното доаѓање во Коњалти беше и официјално потврдена од нејзиниот нов клуб.
![](https://24rakomet.mk/wp-content/uploads/2021/06/alena-iknheva.jpg)
Ихнева со Кастамону го освоија првото место во турскиот шампионат. Сепак, Кастамону за новата сезона планира звучни засилувања, дел од нив веќе потпишаа, а во потесниот избор на позицијата лев бек немаше место за интернационалката од Русија.
Во својата кариера, Ихнева го носеше дресот и на поранешниот македонски шампион, Вардар. Во Скопје настапуваше една сезона, 2016/2017. Беше дел и од Астраханочка, Флери, Лада Тољати и Подравка.