Екс-вардарка прогласена за „Лице на годината“ во родниот град (ФОТО)

Поранешната ракометарка на Вардар, Олга Черноиваненко Фомина ја доби наградата во својот роден град, Тољати за „Лице на годината“ во категоријата Олимписки победи.

Манифестацијата која го носи името „Луѓе на градот“ има за цел да ги запише имињата на своите нови херои од различни социо-економски сфери во историјата на Тољати.

Фомина одигра одлична партија во репрезентативниот дрес на Русија на Олимписките игри во Токио. Некогашното десно крило на поранешниот македонски шампион во Тољати пристигна со освоениот олимпсики сребрен медал.

Русинката во Вардар играше две сезони, 2014/2015 и 2015/2016. Со македонскиот тим два пати обезбеди пласман на завршницата од Лигата на шампионите во Будимпешта.

Моментално, Фомина настапува за екипата на Лада Тољати. Членка е на руската репрезентација од 2010 година.