Екипата од Полска, Рух Хорзов во следната сезона нема да настапува во полскиот шампионат, бидејќи клубот не доби лиценца од ракометната федерација на Полска.
Поради тоа, Рух Хорзов мораше да бара алтернативен начин за одржување на формата на својата екипа. Во изминатата сезона екипата беше дел од полскиот шампионат и заврши на последното место на табелата со само десет освоени бодови.
Рух Хорзов се пријави за учество во регионалното натпреварување – МОЛ Лига. Во самата лига учествуваат екипи од Словачка и Чешка, а во минатото и Хипо од Австрија беше претставник во МОЛ Лигата.
Во престојната сезона, МОЛ Лигата ќе брои 14 екипи, а титулата од сезона 2020/2021 ќе ја брани екипата на Бањик Мост.