Екипата на Келце минатата година не успеа да стигне до успех во Лигата на шампионите откако уште во осминафиналето претрпе пораз од Нант во осминафиналето. Таму Нант приреди изненадување откако првиот натпревар Келце го доби како гост со 25:24, а потоа на домашен терен претрпе пораз oд 31:34.
Клубот сега објави документарен филм со наслов „Патот до осумнесеттата титула“ (се алудира на титулата во домашното првенство).
„Домашниот пораз против Нант во Лигата на шампионите за мене беше вистински крај на светот. Многумина ги сметаа овие зборови за многу силни, но јас тогаш навистина не сакав да живеам“, вели Душебаев во документарецот.
Истиот можете да го погледнете во видеото во продолжение.