Најдобриот ракометар од последното Европско првенство, Домагој Дувњак и понатаму се наоѓа во карантин во Германија, а тој вели дека уште не се знае што ќе биде со првенството во Бундес лигата иако сè поголема е веројатноста шампионатот да биде прекинат.
Воедно интересно е и неговото размислување околу платите на ракометарите односно идејата за откажување.
„Уште чекаме да видиме како ќе се развива ситуацијата. Идејата за да продолжи првенството уште постои, но јас се сомневам во тоа. Имаме состанок со раководството и сигурно ќе се откажеме од дел од платите, но не го знам процентот. Секако треба да му се помогне на клубот. Тој живее од навивачите, но ќе бидеме попаметни после состанокот“, вели Дувњак.
Инаку, постојат различни мислења околу тоа дали Бундес лигата ќе се доигра или не, но засега останува сè во мирување до 22 април до кога беше најавена пауза на стартот.