Доленец се враќа во составот, Барса со сите сили ќе „удри“ по „зебрите“ (ФОТО)

Познати се составите за финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Кил и Барселона.

Во ростерот на каталонскиот гигант има една промена. На местото на средниот бек Домен Макуц, Чави Пасквал го вклучи десниот бек Јуре Доленец.

Во ростерот на Кил, нема никакви промени, со оглед на тоа што Павел Хорак и Магнус Ландин повторно ќе бидат отсутни.

Финалето се игра во „Ланксес Арена“ со почеток во 20:30 часот, ќе го судат Губица и Милошевиќ, а делегати ќе бидат Драган Начевски и Виктор Поладенко.