Динамо го надигра Мотор, се врати во игра за осминафинале

Ракометарите на Динамо Букурешт забележаа важна победа од 33:29 против Мотор Запорожје и со новите два бода барем привремено направија скок од едно место и ја напуштија последната позиција на табелата во Групата Б.

Динамо имаше повеќе од играта во текот на сите 60 минути. Успеа да ја има контролата и на играта и на резултатот. Тоа донесе постојана предност, која во ниту еден момент не беше проблем да биде чувана.

Двата гола создаени во првите 30 минути, од 16:14 беа чувани и во продолжение кога составот на Динамо тргна во налет кон нова победа. Оваа предност беше присутна и во најголем дел од второто полувреме. Во финишот, пак, само беше зголемено водството со што бодовите беа потврдени.

Раул Кампос беше незапирлив за противникот и беше прв стрелец во дресот на Динамо со 13 гола. Поранешниот вардарец, Кристијан Дисингер имаше два гола, додека голманот Калифа Гедбан имаше три интервенции. Кај Мотор, најефикасните Маласинскас и Бокан завршија со по шест гола.

Со оваа победа тимот на Динамо го напушти последното место и сега е пред Порто, но Порто го игра својот натпревар против Келце каде мора да освои бодови ако сака одново на 7. место. Сепак, со новата победа Динамо е уште во игра за осминафинале.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107