Вардар загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 24-22 во првото коло од Лигата на шампионите, иако според борбеноста заслужи најмалку бод.
Левото крило Тимур Дибиров вели дека за вардарци претстои уште многу напорна работа
„Честитки до Брест за победата. Тие имаа одлична поддршка од навивачите. Нас ни треба многу повеќе работа и докажување. Недозволиво е да правиме такви грешки какви што правевме во последните пет минути на натпреварот. Имавме контрола цели 55 минути, беше и изедначено, па срушивме се во последните пет минути. Но тоа е што е, нас ни останува да тренираме и само да тренираме“, изјави Дибиров.
Следниот предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар против норвешкиот шампион Елверум следниот четврток.