Десподовска растура во Полска

Поранешната ракометарка на Металург и Еуростандард Ѓорче Петров, Зорица Десподовска, повторно беше предводник на својата екипа, Кобержице, во нова победа во шампионатот на Полска.

Во натпревар од 15. коло во полскиот шампионат, Кобержице прослави убедлива победа против незгодниот состав на Пјотрковија, со резултат 28:20.

Левиот бек од Македонија беше незадржлива на теренот и со седум постигнати погодоци одигра голема улога против својот поранешен клуб.

Кобержице со новите освоени бодови се позиционираше на 3. позиција на табелата со 42 освоени бодови. Доколку Десподовска и нејзините соиграчи продолжат во ист ритам до крајот на првенството, тогаш за следната сезона ќе имаат билет за настап на европска сцена.