Тимот на Деспина славеше убедливо на гостувањето кај Овче Поле СУ во Свети Николе со 24-35, во натпревар од 16. коло во Женската лига.
Гостинките отворија со водство 0-4, а до крајот на полувремето стигнаа и до плус десет, 8-18.
Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометарки од клупата на двете екипи, но немаше големи промени на резултатот.
Во победничката екипа се истакна Ангела Камческа со 12 погодоци, а Елена Рипилоска даде четири.
Во составот на Овче Поле СУ најдобар стрелец беше Елена Вучевска со девет голови, а пет постигна Ребека Костова.