Десет исклучувања и 78 гола за прва победа на Металург РА

Ракометарите на Металург РА во многу ефикасен натпревар остварија гостинска победа од 42:36 кај екипата на Македонија Ѓорче Петров во 14. коло од групата Б во Првата лига што беше нивна прва сезонава.

Уште од самиот старт се играше брзо и ефикасно на двете страни, а предноста беше на страната на гостите. Сепак, Македонија ЃП израмни на 8:8 и веднаш потоа ја презема контролата на резултатот. Во завршните минути од првиот дел Металруг РА повторно го сврте резултатот и на паузата гостите заминаа со предност од 16:20.

Во продолжението на дуелот Макеоднија Ѓорче Петров немаше сили да се врати во игра. Нивната негатива беше сè поголема, а достигна и највисоки десет гола. Металруг РА немаше проблеми во завршницата да стигне до првата победа оваа сезона, а во самиот финиш домаќините само го ублажија поразот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Виктор Крстевски со девет гола, додека осум постигна Бојан Гилев. За составот на Македонија ЃП се истакна Максимилијан Ѓиноски со десет гола, а Јаневски и Ѓорѓиевски постигнаа по шест погодоци. Наатпреварот го одбележаа голем број исклучувања, одностно десет вкупно на двете страни.