Денеска на терените: Тројца Македонци активни во Бундес лигата

Според програмата за одигрувње на натпреварите во Бундес лигата денеска на терен ќе излезат тројца од петте македонски интернационалци.

Денеска ќе играат Филип Миркуловски, Филип Талески и Жарко Пешевски.

Дерби ќе има за Миркуловски, кој со своите колеги го пречекува составот на Рајн Некар. Ова може да биде интересна средба бидејќи Вецлар веќе покажа одлична форма досега и сигурно ќе има одново што да покаже.

Затоа, пак, Талески и Пешевски ги очекува гостување и сигурно ќе има доста интересен ракомет, а дали ќе има и бодови останува да се види.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

15:00ч

ИЗЕВСК – ЗВЕЗДА ЗВЕНИГОРОД (Русија Супер лига, жени)

16:00ч

ДОБРОГЕА СУД – ЧСМ ФОЧАНИ (Романија 1)

РЕШИЦА – ПОТАИСА ТУРДА (Романија 1)

17:00ч

БАКАУ – БАЈА МАРЕ (Романија 1)

КАЛАРАШ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (Романија 1)

ТЕМИШВАР – ЧСМ ФАГАРАШ (Романија 1)

17:30ч

СПАРТАК МОСКВА – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (Русија Супер лига)

18:15ч

КРАСНОДАР – ЦСКА МОСКВА (Русија Супер лига, жени)

19:00ч

ЕРЛАНГЕН – БАЛИНГЕН (Германија Бундес лига)

ФЛЕНЗБУРГ – НОРДХОРН (Германија Бундес лига)

ГЕПИНГЕН – БЕРГИШЕР (Германија Бундес лига)

МЕЛЗУНГЕН – ШТУТГАРТ (Германија Бундес лига)

ВЕЦЛАР – РАЈН НЕКАР (Германија Бундес лига)

Ј. ОРМОЖ – ГОРЕЊЕ (Словенија 1)

ФУКСЕ БЕРЛИН – ТАТАБАЊА (Куп на ЕХФ)

20:00ч

БЈЕРИНГБРО – ЕСБЈЕРГ (Данска 1)

20:15ч

БЕРН – ТУН (Швајцарија 1)

20:45ч

СТ. РАФАЕЛ – ТУЛУЗ (Франција 1)